Расте бројот на загинати во пожарите на северот на Калифорнија

Најмалку 17 лица загинале, а 150 се водат како исчезнати во пожарите кои беснеат во северните делови на американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат светските медиуми.

Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија во која досега изгореа 1.500 куќи, а десетици илјади лица се евакуирани. Работата на пожарникарите им ја отежнува ветерот кој на моменти дува со брзина од над 80 километри на час.

Според медиумите, пожарите на северот на Калифорнија ќе остават тешки последици за економијата на тоа подрачје кое е познато по одгледувањето на винова лоза.

 

Од противпожарната служба соопштија дека во пожарите изгореле 46.000 хектари ширум северна Калифорнија.

 

 

 

11.10.2017 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа