Раст на прометот индустријата

 

Прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година бележи раст од 13,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар во мај 2017, во однос на мај 2016 година, прометот бележи пораст од 4,1 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15,3 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 99,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,4 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,3 отсто, Капитални производи за 14,8 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто.

Прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на април 2017 година, изнесува 13,4 отсто  додека во периодот јануари-мај 2017 година, во однос на периодот јануари-мај 2016 година, бележи раст од  9,1 отсто.

 

 

 

15.07.2017 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа