Рамчиловиќ: СДС го укина зголемувањето на пензиите

Прв пат после единаесет години нема да има покачување на пензиите во Република Македонија, истакна Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС го укина зголемувањето на пензиите. СДС вчера пред очите на целата јавност одлучи пензиите на пензионерите да не се зголемат. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење ги зголемуваше пензиите на сите пензионери во Република Македонија. Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари. СДС не дозволи пензионерите да добијат плус уште една просечна пензија од 8.200 денари во текот на годината. СДС треба пред пензионерите и целата јавност да одговори зошто се против зголемување на пензиите на пензионерите, тие само докажуваат дека партиските интереси се многу поважни од интересите на граѓаните. СДС со вчерашното гласање го спречија продолжи трендот на зголемување на пензиите на пензионерите што беше редовна пракса во изминатите години. ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се грижи за пензионерите додека СДС продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да ги лаже, да ги манипулира пензионерите и да не ги покачува пензиите.  Ваквото деструктивно однесување на СДС ќе биде казнето од страна на граѓаните на претстојните локални избори, заклучи Рамчиловиќ.

 

 

 

 

12.09.2017 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа