Рама: Ќе побараме од македонската влада патот Арбери да продолжи во Македонија

Официјална Тирана ќе побара од Македонија и таа да се вклучи во продолжувањето на ,,Патот Арбери“ и на македонската територија. Ова барање ќе биде соопштено на заедничката седница на Владите на Албанија и Македонија која ќе се одржи во Поградец, изјави Еди Рама.

„Патот Арбери“, кој ја поврзува Тирана со областа Дибра, во близина на границата со Македонија кај Дебар, покрај тоа што ќе овозможи развој на источниот дел на Албанија, ќе има позитивни економски ефекти и во поширокиот регион, изјави Рама.

Автопатот треба да биде готов за три години.

 

 

 

 

12.11.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа