Рада проговорила за малтретирањето од маж кој и велел дека тој ја направил популарна

Во екот на приказните за злоставувањата и сексуалното вознемирување на познатите жени во Холивуд, медиумите во балканот ја покренаа иницијативата да истражат што се случува и со ѕвездите на Балканот.

Една од пејачките на српската естрада која собра храброст да зборува на оваа тема е Рада Манојловиќ, која признава дека имала едно непријатно искуство.

Но, тврди дека од страна на менаџерите и луѓето од естрадата никогаш не била малтретирана ниту сексуално вонземирена.

„Јас тоа можам да кажам дека го немам доживеано. Можеби делува нереално, но просто, во текот на целата моја кариера бев заштитена. Пред Граднд одев со татко ми на настапи, и тој беше жив ѕид меѓу мене и сите потенцијални додворувачи. Од друга страна, откако сум во Гранд, секогаш околу мене се наоѓаат менаџери, музичари“, вели Рада Манојловиќ

„Јас ќе ја одработам мојата работа на бина, а потоа менаџерите се договараат околу финансиите. Мене никој ништо не ме прашал, ниту пак се обидел да ми направи. Од друга страна, нивно е да прашаат. На машкото е да праша, а твое е да кажеш. Ако е некој насилен постојат веројатно некои други институции. Во секој случај, не би го трпела“, тврди Рада.

 

 

 

21.10.2017 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа