Работник останал заробен во банкомат, без телефон - еве како се извлекол (ФОТО)

Еден работник во Тексас дошол до рутинско одржување на банкоматот во просторијата со движечки врати. На негова несреќа, вратата се затворила и закочила, а да биде уште полошо го оставил мобилниот телефон во камионет. Луѓето не доаѓале на банкомат и несреќниот маж размислувал како да се извлече, па дошол до генијална идеја.

На парче хартија напишал порака: „Ве молам, помогнете. Се заглавив овде без мобилен телефон. Јавете му на мојот шеф, ве молам.“

Хартијата ја ставил во отворот за вадење пари и работниците на банката знаеле дека не станува збор за шега, па брзо реагирале.

 

 

 

 

16.07.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа