Работел само два дена и ја изгубил раката - татко на две деца претпрел ужасни повреди

37-годишниот Зоран Вулиќ, вработен во фарбиката во Баточина доживеал несреќа со машината и останал без рака.

Додека туркал пластика во машината „шредер“ која е млин за мелење на фолија, невнимателно ја ставил и својата рака внатре и тешко се повредил. Постојат видеа на кои се гледа дека својата рака ја изгубил со невнимание, а не смеел тоа да го прави бидејќи било непрописно и затоа инспекцијата ова го квалификувала како самоповредување при сопствено невнимание, но неговиот директор вели дека сепак ќе му помогнат при лечењето.

Зоран Вулиќ е татко на две деца, поради тоа сопствениците на фирмата одлучиле да финансираат вградување на протеза за изгубената рака, која ќе му биде неопходна понатаму во животот.

Тој бил уредно пријавен работник, а по заздравувањето фирмата ќе го задржи на работа, но ќе го ангажираат на адекватно работно место.

 

 

 

19.06.2017 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа