Путин се закани: Ако Америка се повлече од ракетниот договор, Русија ќе преземе мерки

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека неговата земја ќе се повлече од договорот за забрана на ракетите со среден дострел, доколку и САД се решат на таков чекор.

Путин изјави дека Русија веќе ги достигнала САД во развојот на ракетните системи и дека доколку САД се повлечат од договорот, Русија ќе развива разновидни ракетни системи со или без нуклеарно оружје.

Договорот беше потпишан во 1987 година меѓу тогашните претседатели на САД и на СССР, Роналд Реган и Михаил Горбачов. Тој предвидуваше САД и тогашниот Советски Сојуз постепено да се откажат од балистички и крстосувачки проектили со дострел од 500 до 5.500 километри, кои се лансираат од земја.

Според Путин, договорот практично важел само за СССР, односно Русија, бидејќи не ги забранил ракетите кои се лансираат од бродови и авиони, дозволувајќи и на американската армија непречено да ги развива своите ракетни системи.

Во меѓувреме, и руската армија усоврши крстосувачки проектили лансирани од бродови и авиони и ги користеше во војната во Сирија.

САД ја обвинуваат Русија дека развојот на нејзините ракетни оружја е во спротивност со договорот од 1987 година.

 

 

 

20.10.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа