Пукање во основно училиште во Калифорнија - петмина мртви

Најмалку 5 лица вклучувајќи го и напаѓачот се мртви по серијата пукотници во основно училиште во северниот дел на Калифорнија, САД.
Според пријавите на граѓаните и изјавите на очевидци, напаѓачот се движел низ Техама Каунти и пукал во луѓе по случаен избори. На крај, насилството завршило во локалното основно училиште, но нема информации дали меѓу убиените има и ученици. Полицијата потврдува поголем број на повредени меѓу кои и деца кои се нашле во училиштето во 8 часот наутро по локално време, кога се случил нападот.

Полицијата испратила голем број полициски службеници на терен кои го ликвидирале напаѓачот.

Се уште нема информации за неговиот идентитет како и мотивите за нападот.

 

 

 

14.11.2017 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа