Проверете нотификации: Facebook денеска ќе ве извести дали ви се злоупотребени податоците

Компанијата Фејсбук соопшти дека од денес ќе почне да ги информира корисниците чии податоци можеби се компромитирани во неодамнешниот скандал со прекршување на приватноста од фирмата Кембриџ аналитика.

Сите 2,2 милијарди корисници на Фејсбук ќе добијат известување со назив „Заштита на вашите информации“, преку кое ќе можат да видат кои апликации ги користат и каков вид на информации одбрале да споделатсо тие апликации. Ако сакаат, можат да ги избришат овие апликации поединечно или целосно да го блокираат пристапот на трети лица до своите апликации.

Исто така, 87 милиони корисници чии податоци можеби се земени од Кембриџ аналитика ќе добијат подетална порака за ова. Фејсбук наведува дека поголемиот дел од погодените корисници во САД, а тоа се повеќе од 70 милиони, но ги има по околу еден милион и во Велика Британија, Индонезија и на Филипините.

 

Фејсбук сé уште е во фаза на контрола на штетата по обвинувањата дека британската компанија Кембриџ аналитика ги користела личните податоци на милиони корисници, собрани тајно на Фејсбук за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016 година.

Скандалот беше откриен откако поранешниот вработен во Кембриџ аналитика Кристофер Вајли изјави дека податоци од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук се компромитирани преку еден квиз со кој тие се собирале податоци на корисниците и нивните пријатели на социјалната мрежа.

 

 

 

10.04.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа