Проверете какво време не очекува во новата работна недела

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 1 Д. Капија, Претор, Скопје, 2 Куманово, Кр. Паланка, 3 Штип, Берово, 4 Струмица, 8 Ѓуриште, 10 Виница.

 

Времето денес ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне со слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер, на места со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24 степени. УВ=6

 

Утре се уште на повеќе места ќе има значителна облачност и ќе дува засилен северен ветер, но сепак облачноста ќе почне да се намалува, а дневната температура ќе биде во пораст. Од вторник следува период на претежно стабилно и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд е можна в четврток.

 

 

 

18.06.2017 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа