Протест на ВМРО-ДПМНЕ попладнево пред затворот во Шуто Оризари

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите за правдина, од денеска тие секој втор ден ќе одржуваат и пред истражниот затвор во Шуто Оризари, не само пред Министерството за правда. 

Пред присутните се обрати Влатко Ѓорчев, кој истакна дека се тука за да им порачаат на оние кои што, вели, се неправедно внатре, дека не се заборавени, дека надвор има луѓе кои ги чекаат, а пред се, нивните семејства.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат безусловно запирање на, како што посочуваат, сите процеси на политички прогон, итно и безусловно запирање на малтретирањата, теророт и изживувањето кое го прави СДСМ и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со, според нив, овој класичен политички прогон. 

 

 

 

16.12.2017 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа