Прогласена епидемија на мали сипаници (морбили) во Гази Баба

Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство информира дека е прогласена ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба.

Од Комисијата информираат за примени 5 пациенти со симптоми на морбили, кои во текот на денот се докажани на Клиниката за инфективни болести како морбили, со серолошка специфична реакција. Пациентите се во стабилна и добра општа состојба.

Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје почнува вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”, а Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје ќе спроведат засилен епидемиолошки надзор, проверка на вакциналниот статус и стручно методолошка помош на превентивните тимови за имунизација на целата територија на Град Скопје .

 

 

 

23.09.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа