Продавале хамбургери и со нив ги труеле луѓето - месото било полно со лекови

Шпанската цивилна гарда во соработка со Европската полициска служба Европол, фатила организирана криминална група која во Европа тргувала со коњско месо.

Во Шпанија се уапсени 65 лица обвинети за злоупотреба на животни, фалсификувани документи, злосторства против јавно здравје, перење пари, учество во криминална организација.

Ирските власти во 2013 откриле хамбургери кои требало да бидат направени од јагнешко месо, содржеле коњско месо, што означило почеток на истрагата, при што во месото биле пронајдени лек против воспаление - фелибутазон.

За време на истрагата фатени се компании кои се занимаваат со месна индустрија, замрзната храна и брза храна, што довело до идентификување на холандски државјанипознати на пазарот за коњско месо, кои до тој момент не се знаело каде се наоѓаат.

 

 

 

17.07.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа