Приморјето во пламен, гори градинка, а жителите немаат вода - пожар беснее во Хрватска

Хрватските и црногорските пожарникари се борат со неколку шумски пожари, кои беснеат денеска на јадранското крајбрежје, поради кои некои населени места се евакуирани, јавуваат локалните медиуми. 

Пожари има во близина на северните хрватски градови Пула и Шибеник, како и на островите Паг и Вир, североисточно од Сплит. 

Хрватското крајбрежје, кое е посетувано од голем број туристи во текот на летото, често страда од шумски пожари и оваа година тие се посилни. 

Силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето, а властите предупредија да не се пали оган на отворено.

Два противпожарни авиони ги гаснат огнените јазици, кои се приближуваат до куќите во Бродарица, близу Шибеник и локалниот пат беше затвоен поради густ чад. 

Во јужна Хрватска во близина на црногорскиот град Херцег Нови беше издадена наредба за евакуирање на локалното население. Пожари се регистрирани и во регионот на црногорскиот главен град Подгорица. 

 

 

 

 

17.07.2017 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа