Приказната за Пике: Работи кои не сте ги знаеле за славниот фудбалер

Капитенот Серхо Рамос и селекторот Хулен Лопетеги добија жежок компир, Џерард Пике кој се придружи на репрезентацијата после изјавите за Каталонија и така предизвика големо незадоволство меѓу фановите.

Целиот фокус на шпанската спортска јавност од неделниот натпревар на Барселона во Ла Лига, каде што Камп Ноу прв пат во историјата беше празен,се пресели во репрезентативниот камп во Лас Розас кај Мадрид, поради недвосмислените изјави на Џерард Пике.

-Тој е претседател на влада, кој патува низ светот и не знае да говори англиски, тоа е неговото ниво, кажа во неделата Џерард Пике за шпанскиот премиер Маријано Рахој, а вчера удри и по потпретседателката на владата, Сорај Саенц де Сантамарија на Твитер.

Се тоа се случува додека Пике, инаку заговарач за правата на Каталонците да гласаат за својата иднина(иако никогаш децидно не кажал дека е за отцепување на автономната покраина), сега е во кампот на шпанската репрезентација. Па поради тоа не чудат свирежите и навредите кои ги доби на тренинг.

Капитенот на „фуријата“ Серхио Рамос, заколнет мадридист, човек со кој Пике безброј пати имал судири на теренот, како не би долевал масло на огнот, од федерацијата му беше сугерирано да не појави на прес конференција во вторникот. Но не можеа сосем да го замолчат.

-Твитот на Пике(во кој повикува на излегување на референдумот) не беше најдобра работа ако не сакал да му свират. Секој може да каже што мисли, но јас како капитен, секогаш сум загрижен за атмосферата во тимот, Пике знаеше што прави, можеби не беше вистинско време да го направи тоа и не помага многу со тоа, дипломатски кажа Рамос.

Шпанскиот весник Диарио АД отиде чекор понатаму тврдејќи дека односот на Рамос и Пике и „неповратно нарушен“. Јасно е дека на шпанската репрезентација, пред клучниот меч против Албанија во петок во Аликанте, најмалку и требаат свирежи. А тоа сепак би можело лесно да се случи.

Иако е Пике доста импулсивен човек, кој минативе денови изговори сешто што нема да им се допадне на заговорниците за сегашното уредување на Шпанија, никако не може да се каже дека е глуп. Имено, коофициентот на интелегенција му надминува 140(ниво на гениј), а едно време беше и дел од Универзитетот Харвард, каде студираше „Базнис забава, медиуми и спорт“, со неколку други познати спортисти.

Џерард минатиот месец држеше и предавање на студентите на Харвар како би го отворил својот клуб кон светот, а со сопругата Шакира удри темели на важечкиот спонзорски договор Ракутен.

Прашањето за неговиот (под)каталонски идентитет, интересно не правеше толкав проблем низ шпанската јавност, после триумфот на Светското првенство во 2010 година, кога дочекот дојде со каталонско знаме. Не е тој единствен Каталонец во фуријата, важни првотимци денес се и Жорди Алба и Серхио Бускетс, но секако Пике е најгласен за каталонското прашање.

Поради сето ова не треба да се исклучи можноста Пике, добровнолно или со договор да се повлече од репрезентацијата и пред објавениот рок, на крајот на Мундијалот во Русија.

 

 

 

09.10.2017 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа