При контрола на товарен воз на „Табановце“ уапсени 4 лица

Четири мигранти од Авганистан и еден од Иран биле откриени на граничниот премин „Табановце“ во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија.

Случајот во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“ вчера околу 14 часот го пријавил царински службеник на граничниот премин.

Мигрантите биле пронајдени при контрола на контрола на вагонот од товарниот воз.

Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка. 

 

 

 

16.04.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа