Преживеал стравична сообраќајка - ниту влакно не му фалело, можеби поради необичното име (ВИДЕО)

Возач кој за некое чудо преживеал стравична сообраќајна несреќа на автопат во Флорида овие денови беше тема во светските медиуми поради интересното име - Исус Ескобар.

Исус, кој бил зад воланот на својот автомобил уредно возел по автопатот, кога во еден момент возач на камион пред него изгубил контрола над возилото, удрил во банкина и се превртел. Камионот превезувал големи и тешки парчиња метален отпад и една огромна цевка тешка буквално да смачка цел автомобил, која завршила на кровот  на автомобилот на Исус.

Исус од оваа сообраќајна несреќа не само што останал жив, туку немал никакви повреди.

Медиумите ова го окарактерзирале како „вистинско чудо“.

 

 

 

17.07.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа