Пресврт во истрагата за убиениот адвокат во Србија: Му пукале четири пати во глава по грешка

26-годишниот адвокат Немања Стојановиќ од јагодина, вчера пред влезот од зградата каде живее беше убиен на свиреп начин со четири куршуми во главата. Полициската истрага открива дека е можно вистинската мета да било друго момче кое има ист автомобил како адвокатот, па тој бил всушност убиен по грешка бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

Ликвидацијата се случила во 3 часот наутро, а кога адвокатот си влегувал дома, бил сочекан од напашачите кои испукале четири куршуми и побегнале.

Соседите ја слушнале вревата, го виделе Немања мртов и крвав, па викнале Брза помош и полиција. Пријателите, соседите и колегите велат момчето немало проблеми и за него имаат само пофални зборови. Две години бил приправник кај татка си кој е исто така познат адвокат. Секогаш бил насмеан, спремен да помогне,културен, вреден. Не знаат како е можно некој да го убие.

Истрагата ќе ги открие сите детали.

 

 

 

14.09.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа