Престрелка меѓу полицијата и напаѓач на банка во Германија

Полицајци пукале во вооружен напаѓач кој влегол во банка во градот Валдшут, близу границата со Швајцарија во покраината Баден Виртенберг, јавуваат локалните медиуми.

Според полициското соопштение, двајца вработени се скриени во една од просториите на банката, а напаѓачот не може да дојде во контакт со нив.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин во престрелката со полицијата, која се случила попладнево, напаѓачот е ранет а полициски сили го блокирале делот од градот каде што се случил инцидентот и од граѓаните бараат да не одат во своите домови во близина на банката.

Според весникот Билд, на покривите од блиските објекти можат да се забележат полициски снајперисти, а на местото на инцидентот се присутни и голем број припадници на специјалните сили на германската полиција.

 

 

 

21.04.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа