Прекопуца: Одлуките во врска со бонусите на ДИК се законски

Сеуште не се знае дали членовите на ДИК ќе ги вратат бонусите кои ги делеле, а денеска не одговориле јасно, додека некои воопшто и не сакале да зборуваат дали бонусот ќе го донираат, ќе го вратат во трезорот на државата или ќе го задржат за себе- објави Алсат М.

Во емисијата „Патот кон…“ на Алсат, потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца вели дека членовите на комисијата работеле напорно, а зeмената сума од околу 12 илјади евра, вели, била симболична- рекол тој.

Сите одлуки во врска со тоа се во согласност со законот. Тој закон е сменет со консензус на сите тогашни партии во Собранието на Македонија. Да се каже дека е незаконско, не се согласувам со тоа.“ – изјави Реџеп Прекопуца- член на ДИК

 „ДИК е комисија која треба да рефлектира доверба. Факт е дека со оваа одлука, довербата и интегритетот на оваа институција, како и интегритетот на личностите кои се нејзини членови, веќе падна.“ – вели Илми Селами, Поранешен претседател на Антикорупциската комисија.

Претседателот и членовите на изборните органи како и изборната администрација имаат право на одреден надомест со акт на ДИК.“ – се вели во Изборниот законик

Токму овој дел од Изборниот законик им дозволил на членовите на ДИК да си поделат дополнителни плати. Оваа одредба била ставена во законот во 2014 година. Некои поранешни членови на ДИК, за Алсат телевизија потврдуваат дека пред измените во законот, никогаш не земале вакви бонуси.

Реакциите во јавноста дојдоа откако американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли јавно ги прозва членовите на ДИК за нетранспарентност во текот на донесувањето на одлуката за дополнителни парични надоместоци за нивната работа.

 

 

 

07.12.2017 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа