Прегазен пешак во тетовско

Со автомобил удрил во пешак кај с.Долно Палчиште, по што маж со тешки повреди бил пренесен во болница.

Имено на 31.03.2021 во 21.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Пирок -Тетово, кај с.Долно Палчиште, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ.(48) од Тетово, удрило во пешакот С.Г.(78) од с.Ново Село, тетовско.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега