Пред Водици Царовска предупреди дека е забрането верско организирање на деца - казната 1.000 евра

Министерството за труд и социјална политика непосредно пред големиот верски празник Водици во петок, предупреди дека е забрането политичко или верско организирање на деца.

Од министерството соопштуваат дека е испратен допис до детски градинки како потсетник за Законот за заштита на децата, поточно на член 12, став 4, со кој се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, соопштуваат од МТСП.

Глобата за непочитување според законските одредби изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.

 

 

 

16.01.2018 - 15:27
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа