Пред камери се суди за „Насилството во Центар"

Во Кривичниот суд во Скопје претпладнево се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“. На рочиштето во Судот се појавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова. Вклучени се две камери кои го снимаат рочиштето по предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилствата во Општина Центар.

Ова е прв пат судење по предмет на СЈО да биде снимено.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори.

 

 

 

07.12.2017 - 11:55
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа