Пратениците утре ќе гласаат за потребата за воведување на двојазичност

Заврши дискусијата по однос на Законот за јазици во Собранието. Парламентот според најавите уте на пладне ќе ја гласа потребата за донесување на овој закон. Се поизвесно е дека тој ќе ја пројде првата фаза имајќи предвид дека за тоа се потребни минимални 41 глас и присуство на 61 пратеник во Собраниската сала –мнозинство што власта го има. Опозцијата ќе гласа против со аргумент дека со овој закон се менува карактерот на државата односно се воведуваат два рамноправни официјални јазици – македонскиот и албанскиот.

По ова следи амандманска и јавна расправа за законското решение кое го предлага владата.

Илија Димовски  ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе гласаат против и дека  ќе поднесат три вида на амандмани: дека е против устставен, за унапредување на другите малцински јазици, и за територијалната важност во општини со над 20 отсто етнички заедници.

Власта и понатаму тврдеше дека се работи за добро законско решение со кое практично во целост се имплементира Охридскиот рамковен договор и амандманот пет од Уставот. Парламентарната дебата по однос на законот денеска отвори и други теми, како пример која партија колку доцни до идеологијата или, кој припаѓа на историскотот ВМРО.

Пратениците ја почнаа расправата за законот за јазици уште во август. За збор се јавија речиси сите пратеници од опозцијата со межусебни реплики и контрареплики со цел да се спречи донесувањето на овој закон.

Конечнотот гласање се очекува до крајот на годината имајќи пред вид дека законот се носи под превезот на европскотот знаменце како дел од 3-6-9 планот. Дел од одредбите според најавите, особено оние за двојазично обележување на униформите на полицијата, здравството, пожарникарските слуби, како и за двојазичните пари, ќе одат на прверка и пред венецијанската комисија

 

 

 

14.11.2017 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа