Пратениците не сакаат да си ги намалат парите што ги земаат за патни трошоци

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев уште чека одговор од пратеничките групи за предлозите што ги даде летоска за намалување на неговите трошоци како охриѓанец и на патните трошоци на останатите пратеници кои патуваат во Скопје на работа, пишува СДК. Тој на прес-конференција во јули, понуди четири варијанти за значително намалување на патните трошоци за пратениците.

„До овој момент, за жал, немаме добиено никаков фидбек од другите пратенички групи во Собранието, ниту од опозицијата, ниту од коалиционите партнери, во врска со нашата иницијатива за разгледување на неколку предлози за менување на начинот на одредување и надоместување на трошоците за престој и превоз на пратениците од внатрешноста, што им ги доставивме на разгледување кон крајот од јули“, вели Тунтев.

Во меѓувреме, пратеничката група на СДСМ на претседателот на Собранието Талат Џафери (од Гостивар), како надлежен за правата и условите за работа на пратениците, му препорачала единствен предлог за намалување.

„На претседателот му предложивме да се изврши намалување од 30% на 20% на процентуалниот износ на вредноста од цената на горивото, што се користи за пресметка на надоместоците. На тој начин очекуваме намалување на трошоците за надоместоците за престој и за превоз на пратениците од внатрешноста, најмалку за една третина“, пресметува Тунтев.

 

 

 

 

 

14.11.2017 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа