Позната и премијата: Еве колкава сума ќе поделат пелистерци за Куп-трофејот

Битолскиот фудбалски великан, Пелистер, по 2001 година повторно се закити со нов трофеј од Купот на Македонија.

Гол.мк пишува дека Пелистерци во финалето одиграно на стадионот „Младост“ во Струмица по изведувањето на пеналите славеа победа над Шкендија (3-4), а покрај заслужениот пехар и медалите, ќе добијат и парична награда од раководството на клубот.

По самото завршување на натпреварот, челните лица на ФК Пелистер обелоденија дека за хероите ќе има премија од 33.000 евра, која ќе ја поделат новите освојувачи на македонскиот Куп.

 

 

 

17.05.2017 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа