Пожар во крушевско откако експлодирал вентил од неисправна плинска боца

Вчера во 20 часот и 50 минути во село Пресил-Крушево, во помошен објект-плевна лоцирана во дворот од куќата сопственост на 26- годишниот С.А, поради неисправен сигурносен вентил на плинска боца настанал пожар при што најпрво биле зафатени низи со тутун на таванскиот дел, по што целиот објект е опожарен.

Во 23 часот од екипа на територијална противпожарна заштита -Крушево, пожарот е изгаснат.

Увид извршила екипа од ПС-Крушево.

 

 

 

 

 

23.09.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа