Пожар на грчки остров - итните служби на терен

На грчкиот остров Кеа синоќа избувна пожар, кој претпладнево е ставен под контрола, пред да зафати населени области, соопштија локалните власти.

Противпожарни бригади се уште гаснат жаришта на пожарот и се очекува да останат на терен извесно време.

Пожарот почнал во близина на Вуркари, мало рибарско село на северозападниот брег на островот, синоќа околу 22 часот.

Пламените брзо се рашириле поради жешките летни ветрови.

 

 

 

 

10.08.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа