Пожар беснееше во Пехчево - зафати две куќи

Околу 16 часот и 40 минути во Пехчево на улицата „Пиринска“ во куќа сопственост на 53-годишниот Н.М. од засега непознати причини настанал пожар, при што бил опожарен вториот кат од куќата со инвентарот и покривната конструкција, а кој потоа се проширил и на покривната конструкција од вториот кат на соседната куќата, сопственост на 62-годишниот П.М.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипи од Територијалната противпожарна едница-Берово и Територијалната противпожарна едница -Пехчево.

Увид ќе се врши денеска.

 

 

 

12.09.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа