Повторно страв во Барселона: Дојава за бомба во катедралата

Каталонската полиција синоќа соопшти дека заканата од експлодирање на бомба во близина на катедралата „Саграда Фамилиа“ во Барселона, е лажна дојава.

Каталонската полиција претходно ја евкуирала катедралата, како и објектите во близина.

Како што соопшти полицијата, забележано е сомнително возило, паркирано комбе во близина на катедралата, а на местото се наоѓаат експертски екипи за деактивирање на експлозиви.

Минатиот месец во напад во Барселона загинаа 16 лица, а 130 се повредени.

Исламистите тврдеа дека цел на тогашниот напад била токму „Саграда фамилија“.

 

 

 

13.09.2017 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа