Повторно намалување на цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа во петок на меѓународните пазари под влијание на знаците дека пазарот е обилно снабден со сурова нафта и покрај обидите на ОПЕК и другите големи производители да го ограничат производството.

На пазарот во Лондон цената на барелот околу пладне беше во минус 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,61 УСД.

На американскиот пазар цената била во минус 55 центи изнесувала 48,52 УСД.

 

 

 

19.05.2017 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа