После сообраќајката се огласи ќерката на починатиот српски пејач: Среќна сум што сум жива

Сандра Решиќ, се чувствува добро после несреќата и не крие дека е среќна дека никој друг не е повреден.

Сандра Решиќ е ќерка на починатиот српски пејач Нино Решич, која се натпреваруваше во Ѕвездите на Гранд доживеа сообрачајна несреќа.

За да избегне судир со друг автомобил, Сандра свесно го свртела воланот и удрила во банкина. За среќа таа поминала со полесни повреди а сега се огласи после несреќата.

-Возев накај Пожаревац, на сниање на една емисија. Девојката која беше пред мене возеше многу бавно, а јас погледнав и од двете страни и видов дека нема никој и сакав полека да ја поминав, и само што тргнав на лево се појави тој, за секунда беше зад мене. Најверојатно возеше 170- 180 км на час, зошто само така можеше толку брзо да стигне до мене- рекла Сандра за Телеграф.

-Не ни стигнав да стигнам во левата лента а тој беше до мене. Брзо се вратив во мојата лента , меѓутоа онаа девојка пред мене почна да кочи па почнав и јас, но таа кочеше со 70км на час а јас со 100 зошто тргнав да ја поминам. Го удрив рамото и главата- раскажала Сандра .

- Јас сум среќна што сум ѓива и никој не е повреден, мислам дека оној кој возеше многу брзо не ни виде што се случи. Апелирам да се става појас додека се вози и во никој случај брзо возење од 180 км на час- порачала пејачката.

 

 

 

14.11.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа