Португалија повторно во пламен - евакуирани 4 населени места

Четири населени места се евакуирани во Португалија поради големиот број шумски пожари.

Според податоци на португалската Служба за цивилна заштита, повеќе од 2.100 пожарникари гаснат пожари на 170 места на целата територија на земјата. За гаснење на пожарите ангажирани се вкупно  680 противпожарни возила и 15 авиони.

Најтешка е ситуацијата во општината Абрантеш, на околу 130 километри североисточно од Лисабон. Од тој регион вчера се евакуирани жителите на четири села.

 

 

 

11.08.2017 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа