Поројните дождови и снежните врнежи ги затвориja патиштата и училиштата

 

 

 Поројни дождови и врнежи од снег погодија делови од Калифорнија, Невада и Орегон рано изутринава, поради што се затворени дел од патишта и училиштата.

На делови на планинските вериги налетот на ветрот достигна до 160 километри на час.

Националната метеоролошка служба предупреди за можни снежни бури и лавини во некои ски-центри, како и за поплави во пониските делови на Северна и Централна Калифорнија и Западна Невада поради можноста потоците и реките да се излеат од своите корита.

На неколку места во погодените области отворени се евакуациски центри. 

 
 
11.01.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа