Пораст на еврото, доларот нагло тоне

Еврото зајакна над 1,10 долари, остварувајќи го највисокиот раст од 0,8 проценти откако Доналд Трамп во ноември беше избран за претседател на САД.

Доларот нагло ослабе поради загриженоста за откривањето на американските доверливи информации на руски претставници.

Тој политички изглед, според изјавата на аналитичарите, се одрази на движењето на доларот, чиј поширок индекс претходно оваа година скокна на 14-годишниот максимум поради очекувањата дека планот на Трамп за намалување на даноците и потрошувачката на инфраструктурата ќе влијае на брз економски раст и инфлација, но во вторникот овој индекс го забележа својот шестмесечен минимум.

Меѓу инвеститорите расте стравувањето дека Трамп можеби нема да го истурка првиот мандат, велат аналитичарите и додаваат дека дури и ако остане на функцијата претседател постојат многу политички пречки поради кои тој тешко ќе ја протурка програмата за поттикнување на економски раст.

Силната побарувачка за француските должнички хартии од вредност од 30 милијарди евра можеби исто така го поттикна еврото.

Податоците кои беа објавени рано во вторникот укажуваат на раст на економијта на еврозоната во првиот квартал од 1,7 проценти на годишно ниво, што е во склад со очекувањата.

 

 

 

18.05.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа