Поранешниот англиски репрезентативец доживеа нервен слом: Полицијата го привела изгубен и скршен

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец, 30 годишниот Арон Ленон доживеал нервен слом и завршил во болница.

Ленон завршил во клиника за психички болесни поради лошата ментална состојба откако полицијата го привела ноќта од понеделник кон вторник. Крилниот играч на Евертон  потполно изгубен и скршен стоел на улица поради што е пренесен во болница. Полицијата со Ленон половина час преговарала пред тој да прифати да влезе во нивното возил.

-Откако добивме пријава во 4:35 воочивме човек во тренерки во несигурна положба, кој стоеше на исклучувањето улицата во Салфорд, близу Манчестер, известија од полицијата.

Евертон објави дека поради психички проблеми има болест врзана за стрес, поради што му е дадена нега.

Поранешниот англиски репрезентативец последниот натревар за Евертон го одигра на 11 февруари оваа година. Потоа менаџерот Роналд Куман објави дека Ленон не е во психички добра состојба за да биде дел од првиот тим.

Ленон во дресот на англиската репрезентација има 21 настап, а пред доаѓањето во Евертон играше за Тотенхем и Лидс Јунајтед.


  •  

 

 

 

03.05.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа