Поради ваква главоболка веднаш посетете доктор

Повеќе од 80% од луѓето повремно патат од главоболка, а докторите објаснуваат во кои ситуации не треба да се грижиме, а во кои треба.

Главоболката е чест здравствен симптом кој може да биде последица од многу состојби - стрес, мамурлук, воспаление на синусите или почеток на вироза. Зависно од тоа каде се појавува може да значи сериозен здравствен проблем. Општо, докторите ги поделиле главоболките во 6 основни типови кои се разликуваат сподер подрачјето на болката, а прикажани се на фотографијата:

glavobolje

“Тапа” главоболка

Ова е најчестиот тип на главоболка и во глобала не станува збор за нешто посериозно. Доколку не предизвикува силни болки, можете да испиете таблета против болки и да продолжите со своите обврски.

Мигрена

Мигрената често предизвикува умерена до тешка болка. Таа трае релативно долго, односно од четири часа до дури три дена. За среќа, ова е многу ретка појава. Точната причина зошто се јавува мигрената не е прецизно утврдена, а се претпоставува дека е поврзана со генетика.

Болка во очите

Станува збор за најтежок и најредок вид на главоболка. Болката е толку интензивна што луѓето обично не можат да ја издржат, а тегобите се јавуваат позади окото или очите.

Синусна главоболка

Синусната главоболка е резултат на воспалени синуси, најчесто кога сте болни или алергични. Болката се јавува во носот, на челото и образите.

Хормонска главоболка

Овие главоболки се чести и специфични за жените, бидејќи се јавуваат во периоди на хормонални промени како менструација, менопауза и бременост. Контрацептивните пилули, исто така можат да бидат причина за ваквиот тип на главоболка.

Во следните случаи треба задолжително да побарате совет од лекар:

• кога болката ве буди од сон

• кога болката е изненадна и најсилна во почетокот

• кога главоболката предизвикува други проблеми како проблеми со видот

• кога болката ве боли поинаку отколку вообичаено

 

 

 

12.10.2017 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа