Поради оваа тетоважа Марко никогаш нема да може да најде работа

Марко Кроп (19) направил голема тетоважа преку устата додека минатата година престојувал во затвор на Нов Зеланд, од каде и потекнува.

Бил приведен затоа што со нож посегнал кон турист кој одбил да купи од него лажна марихуана, а покрај тоа го усидле и поради вооружена кражба.

 View image on Twitter

 

 

Тој сега се жали на социјалните мрежи дека никој не сака да го вработи, поради страшната тетоважа на неговото лице. Еден работодавач му рекол дека не може да го гледа подолго од две секунди, а не да го вработи, некои пак дури и му се смееле.

Секако, не му оди во прилог ни тоа што пред полнолтеството веќе робијал. Сепак, некои добронамерни луѓе на социјалните мрежи му дале совети како да ја прикрие тетоважата со помош на шминка, и дури му испратиле контакти со потенцијални работодавачи.

 

Инаку, тетоважа се состои од зборовите „devast8“ што во превод значи уништување.

 

 

 

17.07.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа