Популарната српска актерка ќе снима филм со Том Хенкс

Српската актерка Катарина Радивојевиќ, најпозната по улогата на Зоне во филмот „Зона Замфорива“, деновиве ќе се пресели на Хвар каде што ќе снима филм со оскаровецот Том Хенкс.

Акциониот трилер „Блек мани гејмс“ ќе го режира Адам Рајт. Проектот тежи 50 милиони долари, а Катарина освен како актерка се јавува и во улога на продуцент на филмот заедно со Џои Туфаро.

Оваа 38-годишна актерка одамна живее и работи во САД, но повремено се враќа и работи на нашите простори.

 

 

 

 

12.09.2017 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа