Поплави во Непал: Загинати најмалку 49 лица

 

Најмалку 49 лица загинаа во поплавите и одроните во Непал, додека илјадници лица беа принудени да ги напуштат нивните домови. 

ДПА јави дека, во поплавите се повредени најмалку 20 лица. 

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Непал, Депак Кафлеа, наведе дека се очекува биланост на загинати лица да се зголеми. 

Тој истакна дека спасувачките екипи постојано работат во погодените подрачја. 

Обилни дождови погодија повеќе од десет дистрикти во источниот дел на Напал, како и одредени подрачја во западниот дел на земјата, со што беа предизвикани поплави и одрони. 

 

 

 

13.08.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа