Полковник Љубенчо Петровски нов командант на КОД

 

 

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска се одржа  пригодна воена свеченост по повод поставување на полковник Љубенчо Петровски на должност командант на Командата за обука и доктрини (КОД), соопшти АРМ.

По предавање на военото знаме пред присутните се обратија началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и ново поставениот командант на КОД.

Генералот Величковски во своето обраќање го истакна значењето на КОД во системот на одбраната, притоа му порача на новиот командант успешно раководење со оваа команда и постигнување на врвни резултати.

Полковникот Петровски пред присутните ги соопшти понатамошните приоритети на КОД на кои ќе им посвети посебно внимание, особено во обучување и извежбување на персоналот на командите и единиците на АРМ со цел понатамошно подобрување на борбената готовност во овој сегмент.

КОД е потчинета команда на ГШ на АРМ чија мисија е организација, координација и реализација на индивидуална обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, поддршка на колективната обука на командите и единиците на АРМ и развој на доктрините и научените лекции во Армијата.

 
 
11.01.2017 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа