Полицијата во Њујорк не можела ни да сонува дека ќе пронајде вакво нешто во подрумот на една куќа (видео)

Полицијата во Њујорк не можела ниту да сонува што ќе пронајде во подрумот на една куќа.

Имено, во подрумот имало базен полн со ајкули, поточно седум живи и три мртви, морски кучиња во 15 метри долгиот базен.

Тие биле префрлени во аквариум на Лонг Ајленд.

Се уште се млади и по нивната должина претпоставуваме дека имаат до две или три години. Добро се задравствено, јадат добро и под постојана контрола се од страна на нашиот персонал – рекла Дарлин Пунтило, работничка во аквариумот.

Друштво за заштита на животни се сомневало и пријавило дека сопственикот на домот илегално затвора и држи диви животни, но нивните сомнежни се покажале како точни.

 

 

 

 

13.09.2017 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа