Покрената онлајн петиција за оставка на членовите на ДИК

Реакциите во јавноста дојдоа откако американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли јавно ги прозва членовите на ДИК за нетранспарентност во текот на донесувањето на одлуката за дополнителни парични надоместоци за нивната работа.

Повеќе од 1.500 луѓе досега се потпишале на онлајн петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија (ДИК) откако во јавноста беше објавено дека земале огромни бонуси- пишува Макфакс

-Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) поради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб-страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме самоевалуирање затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа – се наведува во петицијата.

 

 

 

07.12.2017 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа