Почина познатиот писател: "Му ја исполнив последната желба на татко ми, па замина"

Раша Попов, легендарниот српски писател, публицист, актер и долгогодишен телевизиски новинар, ѕвездата на детската телевизиска емисија „Фазони и Фори“, почина завчера околу 23 часот во Белград на 84. возраст. Раша почина после долгата и тешка болест. 

По неговата смрт се огласи и неговиот син Бојан, кој вели дека му ја исполнил желбата пред смртта.

- Дочека да ме види, јас допатував од Русија. Таму работам како свештеник. Ми рече оваа недела не умирам, не умирам се додека не дојдеш ти. Знаеше дека не можам порано да дојдам, тоа се тешки моменти, вели тој.

одава дека неговиот татко не сакале да го примат во болница иако бил тешко болен.

- Имаше тежок облик на дијабетес, иако и покрај тоа знаеше да се најаде колачи. До последниот момент сакаше да пишува. На лекар ни велеа дека е зрав, вели тој.

Погребот ќе биде одржан во сабота.

 

 

 

 

21.04.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа