Почина легендата на Барселона, доживеа срцев удар на улица

Легендарниот шпански фудбалер Енрике Кастро, попознат како Квини, почина синоќа на 69-годишна возраст од последици на срцев удар.

Квини го нашле случајни минувачи на улица, недалеку од неговиот дом во Хихон. Се обиделе да му помогнат, повикале и брза помош која не успеала да го реанимира.

Квини е еден од најголемите шпански фудбалери на сите времиња. Пет пати беше најдобар стрелец во шпанското првенство и уште два пати во Втората лига. Најмногу се истакна во дресот на Хихон, а потоа, етири години беше член на Барселона во која играше со Диего Марадона. На 100 натпревари за каталонскиот тим постигна 54 гола.

“Каталонците” долго време се обидуваа да го донесат Квини во своите редови за да игра во тандем со Кројф, но не успеаја во тоа. Холанѓанецот си замина во 1978 година, а Квини дојде во 1980 година. Веќе следната година се случи најбизарната работа во историјата на шпанскиот фудбал.

Барселона беше на чекор до титулата во првенството, на неколку кола пред крајот Квини беше киднапиран и држен во заложништво 25 дена. Кога го најдоа, Барса веќе ја загуби титулата.

За каков играч се работи најдобро зборува тоа што на 565 натпревари во својата кариера постигна 369 гола.

 

 

 

28.02.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа