Победата на Макрон на изборите е јасна, но нијансирана, оценува францускиот печат

Полн погодок“ на претседателот Емануел Макрон, кој освои апсолутно мнозинство во Националноте собрание, но не треба да се заборави рекордната неизлезеност на гласачите, оценуваат денешните изданија на француските весници, по вчерачниот втор круг од парламентарните избори во Франција.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, според конечните резултати, иако 11 пратенички места за француските државјани во странство се уште не се официјално распределени, партијата на Макрон, Републиката напред! (ЛРМ) и нејзиниот коалициски партнер Демократското движење (МоДем), освоија 350 пратенички мандати, што е многу повеќе од неопходните 289 за апсолутното мнозинство.

„Макрон има свој дом", оценува „Либерасион“. „По Елисејската Палата, сега и Собранието“, наведува „Фигаро“ на насловната страна. „Добиена облог“, смета „Лес Ехо“.

- По два избори и четири гласачки круа, револуцијата Напред!, во која никој не сакаше да верува, ја погоди цела Франција како цунами, оценува конзервативниот весник „Фигаро“.

- Дојден од никаде, Макрон сега е насекаде, пишува левичарскиот „Либерасион“.

„Опинион“ наведува дела Макрон постигал „целосниот погодок“. - Со оваа голема победа во вториот круг од парламентарните избори, Емануел Макрон оствари совршен триумф, кој никој, веројатно дури ни тој, не можеше да го замисли, смета весникот.

Ова мнозинство, претседателот „го доби, надвор од сите очекувања", оценува „Лес Ехо“. - Ова несомнено ќе ја олесни неговата задача, но тоа, исто така, ги зголемува очекувањата, смета весникот.

Но, весниците исто така потсетуваат дека еден елемент ја „нијансира“ победата на блокот на Макрон. Вчера беше достигнат нов рекорд од 57,4 проценти од гласачите кои не излегоа на гласање.

Според католичкиот весник „Ла Кроа“ ова го затемни успехот на победата на партијата на Макрон. - Противниците на претседателот секако дека се демобилизираа последните две недели, но тоа не значи дека тие ја прифаќаат неговата визија за Франција, ниту се подготвени да ги поддржат промените што тој ги предвидува, оценува весникот.

Поранешниот гласило на Француската комунистичка партија „Иманите“ констатира дека „Емануел Макрон има целосна власт во Собранието, но земјата не му даде целосна власт“. - Полн погодок и празни гласачки кутии, стои на насловната страна на весникот.

Регионалниот дневен весник „Л’Унион“ предупредува дека „Французите не му даде одврзани раце на новиот претседател“. - Затоа, Владата не може да дејствува како победата да беше исклучителна. Таа мора да биде смирена и спокојна за да избегне набрзо да биде потресена од улицата, смета „Л’Унион“

„Алзас“ пак истакнува дека нивото на излезноста на гласачите, како и неочекуваниот отпор на десницата „звучи како предупредување“ и дека на Макрон на вчерашните изботи „не му е даден бланко чек“. 

 

 

 

19.06.2017 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа