По еден век пронајдени остатоци од „Чилеанскиот Титаник“: Мистеријата конечно ќе биде решена (видео)

Истражувачите конечно успеале да пронајдат остатоци од „Чилеанскиот Титаник“, 95 години откако потонал.

Бродот „Итата“ превезувал над 400 луѓе, а потонал во 1922 година на релација помеѓу Чиле и САД, откако налетал на силна снежна бура.

Последните седум години експертите ги барале остатоците, а сега конечно ги откриле покрај северниот брег на Чиле.

Научниците се надеваат дека ова би довело до решавање на приказната за озогласениот брод, како и дека ќе привлече повеќе туристи во тоа подрачје.

Бродот Итата учествувал во Пацифичката војна (1879-1883), пред да биде продаден на компанијата „Вапоресо“ во 1922 година. Отогаш бил користен за транспорт на стока и луѓе на релацијата САД-Чиле.

Но, патувањето кое зпаочнало на 28 август 1922 година за Итата било псоледно. Само неколку часа откако отпловил, бродот влетал во силно снежно невреме кое го проголтало.

Преживеале само 26 лица и тие успеале да стигнат до брего. Сепак, прецизната локација останала мистерија се до оваа откритие.

– Одлично е што успеавме да го пронајдеме. Она што следува е документарец, рекол Карлос Кортес, еден од истражувачите на проектот.

Осве тоа, ќе продолжи истражувањето на остатоците кои не се пронајдени.

– Ова ќе продолжи со неопходните дозволи поради почит кон оние кои ги загубиле животите, додал Хавиер Селанес, уште еден научник кој учествувал во проектот.

 

 

 

 

14.11.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа