По цела ноќ работа, конечно е изгаснат пожарот во депонијата во Струга

По цела ноќ работа, конечно е изгаснат пожарот во депонијата во Струга, речиси и да нема чад. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Комисијата избрана од министерот за животна средина најавува доколку има потреба од дополнителни мерки ќе се постапи согласно ситуацијата на теренот.

Работниците ноќеска работеле цела ноќ, дури имало случај на губење свест од чадот и била побарана медицинска помош.

Во струшката јавност се погласно се шпекулира дека намерно се пали депонијата, но засега нема потврда за тоа.

Од Граѓанската иницијатива „Доста е“ за во среда најавија нов протест со кој ќе побараат депонирањето на отпад на оваа локација да заврши засекогаш.

 

 

 

17.06.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа