По 15 години, Македонија исклучена од Извештајот за конкурентност

Во најновиот извештај за конкурентност, што секоја година го објавува Светскиот економски форум годинава ја нема Македонија на листата на 137 најконкурентни економии. Причината заради која Македонија е исклучена е недоволно информации. Заедно со Македонија заради недоволно информации да се направи истражувањето од листата годинава се исклучени Брегот на Слоновата коска, Габон,  Барбадос и Боливија, пишува Капитал.мк.

Ова е прв пат Македонија да биде исклучена од овој Извештај за период од 15 години, откако во 2003 година земјата беше ставена во земјите во кои Светскиот економски форум ја мери конкурентноста на економијата.

 

Капитал пишува дека минатата година Македонија беше рангирана на 68 место, од вкупно рангирани 138 држави.

Инаку, во најновиот Извештај на конкурентност на прво место како најконкурентна економија во светот е Швајцарија. Швајцарија е лидер на листата изминатите шест години. Швајцарскиот пазар на труд се смета за најдобро функционален на глобално ниво, додека земјата е на второ место според усвојувањето на технологијата за поголема продуктивност.  По три години на третата позиција, САД годинава се искачија на второто место и го истисна Сингапур, кој сега падна на третата позиција.

 

 

 

06.10.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа